Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Од:

Скандалозно и дрско е поведението на Владата да се поништи наредба на министер во МВР иако вработената во министерството на доброволна постапка сакала да биде префрлена во нов пункт за да фотографира граѓани за лични документи, истакна првиот техничкиот министер Панче Тошковски.

– Целокупното поведение на Владата од самиот почеток на техничката влада е во најмала мерка чудно. Крајно незаконито и скандалозно е што владата се дрзна да се поништи наредба која јас сум ја издал на колешка во МВР која на доброволна основа сака да помогне да се отвори пунктот во Ново Село за да може да се фотографираат тие граѓани таму. Никогаш не се случило во претходни мандати наредби да понишутваат. Ај што се тотално неинформирани, правно непотковани па и дрски одозгора да зборуваат за формалности. Како не им е срам, немам што друго да додадам.

Џафери вчера изјави дека формално, ако нема врзан потпис, наредбите се поништуваат.

„Формално, ако нема врзан потпис, се поништуваат. По постапката кога ќе потврди нешто друго, се преземаат соодветни одговори и постапки во согласност со процедурата. Сега засега се такви процедурите“, изјави Џафери.

Министерот најави дека ќе МВР размислува да воведе систем на сајтот да се проверува дали се готови личните карти и да информира дека истите се во соодветна полициска станица за да ги подигнат.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он