Тошковски: Водата во Гостивар сè уште не е за пиење, испитувањата ќе бидат почести

Од:

Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи.

Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе институции.

-Штом ќе имаме три последователни резултати на исправна вода за пиење на сите мерни точки во градот, тогаш на гостиварци ќе им соопштиме дека водата е и за пиење освен како техничка вода како што се употребува до сега, рече Тошковски.

Посочи дека во ќе продолжи испораката на вода за пиење во шишиња за Гостивар, при што соопшти дека околу 580 000 литри се доставени во изминатите денови, од страна на Владата, од општествено одгвоорни компании и други општини.

Би можело да ве интересира

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

Реакција на министерот за правда во врска со случајот на Ива Михаилова

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото