Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека на советник од неговиот кабинет, упатен со писмена наредба, не му било дозволено присуство во рамки на оперативниот штаб на СВР Тетово и најави дека ќе се преземат сите соодветни мерки, согласно Закон за Влада и можностите во рамки на МВР.

„ Точно е дека со писмена наредба упатив еден од моите советници да присуствува во Тетово на денешниот изборен ден, и точно е дека не му било дозволено да присуствува. Според информацииите кој јас ги имам началникот на СВР Тетово постапил по добиена наредба од директорот на БЈБ, но дали е така и како е конкретно постапено не би сакал да влегувам сега во детали. Тоа треба да се утврди точно од страна на Внатрешна контрола“, изјави Тошковски

Колицијата Вреди  претходно на прес конференција обвини дека началникот на СВР Тетово, Шефик Бајрами во текот на денешниот изборен ден го избркал советникот на министерот, кој со допис бил назначен од министерот да се грижи за безбедноста на изборниот процес.

Од коалицијата тврдат дека Бајрами ја зел писмената наредба, го сликал советникот, а потоа телефонски разговарал со некое лице, од кое добил наредба сите полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот.

„Тогаш Шефик Бајрами му се обратил на советникот со зборовите дека „итно мора да го напушти седиштето“. Го повикуваме министерот за внатрешни работи итно да преземе мерки против началникот и итно да постапи во Тетово и во ИЕ6“, рече Башким Асами, член на Вреди.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски