Тошковски: Под контрола се пожарите во Дојран, Николиќ, Крива Паланка, Орман, Волково и во Самоков

Од:

Многу тежок ден во справување со пожарите. Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер, но за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти, изјави министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по седницата на владиниот Кризен штаб.

Од околу 20 пожари, Тошковски рече дека во овој момент сите се под контрола. Под контрола се пожарите во Дојран, Николиќ, Крива Паланка, Орман, Волково, пожарот во Самоков и во Визбегово, а активиран е и европскиот механизм за помош во справување со пожарите.

-Максимално се ставаат во функција сите капацитети на државата во функција, со тоа што морам да истакнам дека од Грција се дадени на испомош два канадери, кои што ќе бидат ставени во функција, како и два пешадиски тима кои се ставени на располагање преку ЕУ механизмот. Сите владини институции целосно се мобилизирани и активно се вклучени на терен. Во приправност се ставени 300 војници, од кои околу 150 активно беа вклучени на терен, како и околу 400 полициски службеници, кои беа активно вклучени на терен, изјави Тошковски.

Тошковски, рече дека, не би можел да открива детали, но посочи дека многу е симптоматично тоа што, како што се неутрализира еден пожар, набрзо започнува втор, трет и сите се поврзани со одредена клучна инфраструктура.

-Не сакам да шпекулирам, но морам да напоменам дека можни е да се работи и за едно поинакво сценарио од она, што би било сценарио на случајност. Институциите работат на терен и се надевам дека брзо ќе бидат расветлени сите овие случаи од коишто се предизвикани пожарите, изјави Тошковски, нагласувајќи дека вчера е фатено едно лице што палело со умисла, кое веќе е изведено пред судија на претходна постапка.

Во однос на пожарот на приватен отпад во Визбегово, Тошковски, рече дека приведени се сопствениците и по насока на Јавен обвинител ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.

Тошковски, изрази благодарност до припадниците на МВР, Армијата, членовите на ЦУК, ДЗС и сите од општините кои беа вкличени во гаснењето на пожарите, за, како што рече „дадените натчовечки напори во справување со оваа огнена стихија“.

Би можело да ве интересира

Тошковски до СДСМ: Толку ли многу ви смета што покренавме кривични постапки против корумпирани судии и обвинители?

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски