Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат и пријавуваат

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно насилство, а институциите интензивно работат на системски промени и подобрување на реакцијата кон жртвите.

Тошковски посочи дека бројките се значајно повисоки од вообичаеното и дека јавноста треба да биде свесна дека дел од растот се должи на зголемена доверба во институциите и охрабреност на жртвите.

– Ако претходно сме имале еден до два случаи неделно, сега имаме по неколку случаи дневно. Само викендов имавме повеќе од 10 пријави за семејно насилство. Тоа говори дека жртвите се охрабрени да го пријават насилството. Тоа говори дека на еден начин имаме побудни институции не само во делот на БЈБ и секторите за внатрешни работи при МВР туку и во рамки на останатите институции – рече Тошковски по настанот со кој беше означен почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје.

Министерот додаде дека ваквите бројки бараат итно дејствување од сите надлежни институции, особено во делот на зајакнување на системите за заштита и одговорност на оние кои не постапиле соодветно.

Тошковски најави дека се подготвуваат и итни измени во законската рамка која се однесува на семејното насилство, а процесот ќе се одвива во две фази – брзи законски интервенции и потоа целосна ревизија.

– Тоа е еден процес за кој ќе треба малце повеќе време. Ќе треба експертите од областа суштински да навлеземе не само во законската легислатива, туку и во имплементирањето на веќе добрите законски решенија, бидејќи имаме и добри законски решенија коишто лошо се имплементираат. Секако дека на сето ова ќе треба да следи и одредено зајакнување на финансирањето од страна на државата на дел од процесите. Дополнително зајакнување на финансиски капацитети на одредени институции за да може соодветно да се одговори – рече министерот.

Би можело да ве интересира

Тројца уапсени за семејно насилство, седум пријави во последното деноноќие

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, тројца приведени

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски

Уапсени се четворица насилници – 14 пријави за семејно насилство деновиве во Македонија

А1он