Топлотен стрес кај растенијата поради високите температури

Од:

Топлото време со преку 35 степени што ја зафати Македонија, ниската  релативна влага на воздухот и појавата на ветер, предизвика топлотен стрес кај растенијата.

Според агрометеоролозите, на удар се пролетните култури, градинарските, фуражните, како и окопните, кои имаат плиток коренов систем и се во фаза на генеративен развој. Кај овошките и виновата лоза состојбата е подобра поради подлабокиот корен.

Високите темеператури, освен што може да се одразат врз квалтетот на плодот и вкупниот принос, може да предизвикаат и појава на болести и штетници.

– Високите температури предизвикуваат зголемено испарување, односно губење на водата од почвата, но и од растението во процесот на транспирација.  Ваквата состојба резултира со топлотен стрес кај земјоделските култури, се зголемува потребата од потрошувачка за вода,  прекин на фотосинтетската активност и успорување на разавојот, вели вели Силвана Стефкова од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Пресметките на УХМР за минатата недела покажуваат дека во текот на денот потенцијалано се губат од 6.08 до 8.56 милиметри вода. Овие вредности се многу поголеми кај културите со поголема, развиена лисна маса.

– Со намалување на резервите за вода во почвата, доаѓа до појава на суша. Ова го покажува и пресметката на стандардизираниот индекс на суша со кој се оценува метеоролошката суша, а пресметаните вредности покажуваат тендеција од умерена кон јака суша, истакнува Стефкова.

Долготрајното дејство на сонцето и недостатокот од вода може да предизвика и површински оштетувања на листот, младите ластари и зрната во фаза на прошарок кај виновата лоза, на дел од овошните плодови особено на јаболките и крушите (формирање мали плодови со недоволна сочност и вкус).

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски