Тони Михајловски бара слобода за Игор Југ

Од:

Актерот и некогаш активист на Иницијативата за заедничка Македонија, Тони Михајловски бара слобода за притворениот Игор Југ кој на 27 април заедно со толпа граѓани насилно упадна во Собранието каде беа нападнати и претепани дел од пратениците и новинарите.

Михајловски на својот фејсбук профил постави слика со транспарент на кој пишува „СЛОБОДА ЗА ИГОР ЈУГ“.

Исто така, на социјалните мрежи се појави и фан страна со името „Слобода за Игор Југ“ во која членуваат околу илјада фанови кои го поддржуваат Игор Југ за кој сметаат дека е невин и неосновано притворен.

Минатата недела српскиот припадник на БИА во Македонија, Горан Живаљевиќ во медиумите излезе со обвинение кон Игор Југ дека тој на 27 април бил во Собранието со една единствена цел, а тоа е ликвидација на тогашниот лидер на опозицијата, а сегашен премиер, Зоран Заев.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски