Тони Грнчаров: Аеродром ќе стане вистински спортска општина

Од:

Тони Грнчаров, носителот на советничка листа во општина Аеродром од СДСМ и коалицијата денеска во изјава за медиуми рече дека заложбата како советници и како нова локална власт е Аеродром да стане вистински спортска општина.

– Ивица Коневски МЗТ го претвори во лична своина. Потребна е поддршка и развој на младите таленти за во МЗТ конечно да заигра некое маалско дете. Локалната власт не даваше никаква поддршка за развивање на спортот во општината. Во Аеродром умира спортскиот дух и се губи ентузијазмот на младината. Нашата клучна заложба е: ќе вложуваме во спортистите, а не само во терените.Ќе обезбедиме услови за развој на рекреативниот и професионалниот спорт. Ќе се формира спортски општински фонд наменет за поддршка на општинските клубови и стипендирање спортисти, рече Грнчаров.

Тој вети дека ќе организираат и помагаат спортски пригодни активности и манифестации од локално значење и дека ќе обезбедат средства за спортските работници, за развој и напредок на младите спортски таленти.

– Ќе го вратиме аеродромскиот дух, и младите на терените.Редовно ќе се одржуваат спортските игралишта во општината и ќе се поддржуваат традиционалните спортски турнири. Ќе го вложам сиот мој капацитет за младите луѓе да имаат можности за напредок во нашата општина. Аеродром да биде модерна општина којашто се развива европски. Општина која нуди услови за квалитетен живот на сите граѓани, рече Грнчаров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“