Толпа од 200 селани го блокираа патот кон Слупчане, вработени на ЕВН добија закани по живот

Од:

Екипи на ЕВН денеска добиле закани по живот во кумановското село Слупчане додека се обидувале да започнат со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата.

Толпа од 200 селани на организиран начин го блокирале влезот на селото и не им дозволувале на екипите на ЕВН да работат.

Од ЕВН за „А1он“ го потврдија случајот и додадоа дека за ситуацијата ќе го информираат Министерството за внатрешни работи и сите други надлежни институции.

“Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа.” информираат од ЕВН.

Оттаму дека ваквите реконструкции на мрежата се потребни за да се подобрат напонските прилики и да се овозможи точно мерење на потрошената електрична енергија на корисниците во селото за да во иднина не се соочуваат со дефекти.

Вкупните годишни загуби поради кражбите во село Слупчане изнесуваат над 1 милион евра, односно околу 6 GWh. Процентуално, 80% од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20% фактурираната енергија се напплаќа.

Би можело да ве интересира

Вработен во „ЕВН“ почина при извршување на работни задачи, телото е на обдукција

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН

ВИДЕО: Приведени двајца фудбалери на Беса за претепувањето на играчи на ФК Аеродром

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ