Тодоров: Штрајкот на лекарите е политичка одлука

Од:

Лекарите најавија штрајк за 14-ти ноември, министерот за здравство не се откажува од концептот за плаќање по учинок.

„Сакаат да направат штрајк и ќе го направат. На 14 ноември ќе има штрајк, на 15. треба да се вратат на работа. И повторно ќе треба да ги внесуваат податоците во системот за плаќање по успешност“, им порача Никола  Тодоров на лекарите

Отпорот на лекарите, смета, е само резултат на тоа што со него се нарушува нечиј комодитет. Тие имаат право на штрајк, но во тој случај законот предвидува да не им се исплаќа плата, туку само придонеси на минимална плата.

„Со внесот на лажни податоци се прави штета и на оној кој што сам си ги внесол бидејќи утре ќе одговара согласно Кривичниот законик и законот за кривична постапка,  но и на неговите колеги затоа што така тој го подига својот учинок, а го намалува оној на останатите колеги“, изјави Тодоров .

За министерот одлуката за штрајк  е политичка одлука на група луѓе кои сакаат од оваа работа да извлечат политички бенефит.

„Не сакам да разговарам кога во позадина има политичка одлука да се направи штрајк и по било која цена да се минираат разговорите. Ние ќе продолжиме да разговараме со гранковиот синдикат во еден социјален дијалог кој е започнат и пред најавата за штрајк од Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар„, рече министерот за здравство.

Понудената спогодба од овој синдикат, според Тодоров нема законска основа.

 

Би можело да ве интересира

Општ штрајк во Белгија, бунт против реформите на новиот премиер

Горан Наумовски

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Медиуми: Генералниот штрајк во Србија не успеа, се работи како и обично