Тодоров прифати амандмански интервенции на законот за прекинување бременост

Од:

Абортусот останува слободна волја на жената и за тоа жената самостојно одлучува. Може да се направи повеќепати во текот на една година, во постапка која што е утврдена во законот и која што на идентичен начин е утврдена како што може да се направи денеска, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, кој ги соопшти амандманите што се прифатени за Предлог-законот за прекинување бременост, по скратена постапка. Се очекува законот да биде донесен следната недела, а да стапи на сила околу 20 јуни.

– Прифативме амандман со кој се предвидува барањето за прекинување бременост да се достави до докторот кој го врши прекинувањето на бременоста. Советувањето се врши од страна на доктор кој ја врши интервенцијата, изјави Тодоров. Исто така прифатен е и амандман со кој мажот може да присуствува на советувањето, но не задолжително. – Мажот не треба да присуствува на советувањето освен доколку самата бремена жена тоа не го сака и го повика сопругата, изјави Тодоров.

Појасни кога има првостепена кога второстепена комисија, зошто според него, многу се дебатирало околу тоа.

– До првостепена комисија, која што е составена од тим од тројца, задолжително мора да поднесе барање жената во случај кога бременоста е после десетата недела, а кога самиот гинеколог од кого било побарано прекинување на бременоста не се согласил со прекинувањето на бременоста од медицински причини поврзани со здравјето на жената, ако прекинувањето на бременоста е повеќе пати во текот на годината. Првостепената комисија мора во рок од три дена максимум да одлучи по барањето и да каже дали се прифаќа или не барањето за прекинување на бременоста, изјави Тодоров. Прифатен е амандман со кој што се утврдува првостепената комисија да ја формира директорот на здравствената установа, а не министерот. Второстепената комисија останува да ја формира министерот за здравство, како и досега.

Во електронскиот картон, делот што ќе се однесува на абортуси ќе биде со ограничен пристап, најави Тодоров. – Тоа значи дека ниту еден доктор нема да има пристап до овие податоци за здравјето на жената односно пристап ќе има само матичниот гинеколог или во болничка установа, изјави министерот.

Идејата на законот, како што рече Тодоров, да се грижиме како систем за женското здравје. Негови очекување се дека по донесувањето на овој закон сериозно да се зголеми бројот на абортуси во Македонија.

– Имаме 5.300 регистрирани абортуси, нашиот сомнеж е дека во Македонија има меѓу 20 и 30.000 абортуси. Тие не ги гледаме. Со овој закон и тие абортуси ќе бидат дел од македонската статистика и ќе можеме и врз основа на тоа да преземеме конкретни мерки. На пример, ќе знаеме дека имаме проблеми во одредена возрасна група, или вулнерабилни групи и тогаш ќе можеме да преземеме мерки. Денес на слепо креираме мерки, изјави Тодоров.

Министерот не смета дека треба да им се извини на жените за првата верзија на законот и за реакциите на ЛГБТ организациите во Македонија вели дека лично како министер и како член на Владата не се согласува и не ги почитува нивните ставови.

– Не почитувам да се бориме за хомосексулани бракови, за дозвола на промена на пол…тоа се работи кои се косат со мојот начин на размислување и не гледам тука ништо спорно. Тие нека продолжат да се борат за своите права. Не мислам дека ние треба да бидеме инквизиција и д апреземаме сериозни мерки против тоа, но јас не ги поддржувам и не ги почитувам тие ставови и дека сум убеден дека не можам да се усогласам со организации кои имаат такви ставови по едно вакво прашање, изјави Тодоров.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Индонезија: Полицијата ќе биде единствената која ќе го одобри правото на абортус за жртвите на силување

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ