Тодоров: Кочани ќе добие пречистителна станица вредна 22 милиони евра

Од:

Носителот на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Третата изборна единица, Никола Тодоров денеска на средби со граѓани во Кочани најави изградба на пречистителна станица во овој град, проект којшто е дел од програмата на партијата.

– Денеска сме во посета на Кочани. Тука има еден огромен проект којшто е предвиден во нашата програма, а тоа е проектот за пречистителна станица. Проектот е вреден 22 милиони евра. Се предвидува изградба на пречистителна станица за филтрирање на отпадните води со што сериозно се придонесува за заштита на подземните води, за заштита на почвата и, генерално, за заштита на животната средина.

– Проектот треба да започне со изградба 2015/2016 година и е покрупен проект од областа на екологијата и заштитата на животната средина, а еден од 2.046-те проекти којшто треба да се реализира со нашата програма, изјави Тодоров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски