Тодоров и Котевски во игра за градоначалник на Центар?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не сака повторен пораз во Центар. Затоа, една од општините на која се посветува исклучиво внимание е општината каде на последните локални избори загубија по 13 години владеење.

Се анализира и анкетира која е личноста која може да биде добитна комбинација. А1он од партиски изври дознава дека последната анализирана тројка Тодоров, Котевски и Софијанова. Никола Тодоров е избран пратеник, министер за здравство и вице-премиер, еден од луѓето од доверба на Никола Груевски.

И ако Тодоров е големо изненадување, бидејќи се работи за висок функционер, а Центар е сепак само општина во град Скопје, името на д-р Аспазија Софијанова се споменуваше како можен кандидат во сите варијанти и на истражувањата имаше солиден рејтинг, иако не сакала да ја прифати кандидатурат.

Од новинарските влета во портпаролските води, со Јанкуловска како шеф во МВР, и по нејзиното заминување го раководи Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Иво Котевски е третото изненадување, бидејќи се спомнува како можен адут за Центар.

Оваа општина ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не можат да ја преболат и поразот во делот на Скопје каде беа доминанти со Аларова и Тодоровиќ им ги помети сметките, особено околу „Скопје 2014“. Затоа, велат од таму, сега не оставаат ништо на случајност.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом