Тодоров донел одлука Груевски да користи две државни возила само неколку часа пред избор на новата Влада

Од:

Поранешниот заменик претседател на Владата, Никола Тодоров неколку часа пред изборот на новата реформска влада на СДСМ донел одлука екс премерот Никола Груевски да користи две службени возила „Волксваген Пасат 3Ц“.

Одлуката во Службен весник е објавена ден потоа, односно на први јуни, денот кога со работа почна новата Влада.

Оваа одлука на Тодоров не важи за екс премиерот Емил Димитриев ниту пак за некој друг поранешен премиер, туку е наведено м-р Никола Груевски. Со оваа одлука, Груевски ќе ги користи двата пасати со силина на мотори од 140 киловати, произведени во 2015 година.

Како што претходно објави А1он, Тодоров неколку дена пред заминување од вицепремиерската функција разрешувал и именувал, отворал и затворал конзулати.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски