ВИДЕО: Тодор Петров побара референдум со прашање „Дали сте за промена на името во Северна Република Македонија?”

Од:

Тодор Петров претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК) на прес-конференција најави дека е поднесена иницијатива да се распише референдум со прашање „Дали сте за промена на името во Северна Република Македонија?”.

„Владата не ја почитува одлуката на референдумот од 30 септември. Поднесовме иницијатива за собирање потписи за распишување референдум, дали сте за промена на името во Северна? Одлуката би била задолжителна, очекуваме Собранието да ја прифати иницијативата”, рече Петров.

„Одржан беше референдум во 91 година и не го почитуваа.Во 2018 година беше одржан консултативен референдум,2/3 не гласаа граѓаните, го бојкотираа. И оваа одлука Владата не ја почитуваше. Затоа ние на 20 декември со потпис на 130 граѓани и јас како овластен предлагач, поднесов иницијатива за собирање 150.000 потписи за распишување задолжителен референдум со единствено прашање – Дали сте за промена на името во Северна Република Македонија”, рече тој.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието