„То Вима“: Песимизам во Атина пред посeтата на Нимиц

Од:

Грција е песимистична околу изгледите за решавањето на прашањето за името, пишува денеска грчкиот весник „То Вима“ во врска со претстојната посета на медијаторот на ОН Метју Нимиц на Скопје и Атина.

Повторувајќи дека Нимиц за неколку дена ќе понуди нов предлог, весникот објавува дека прашањето кое сега се поставува е што е тоа што е поинакво во најновиот предлог на медијаторот.

Одлуката на последниот совет на министрите за надворешни работи на ЕУ во декември на Македонија да не и се даде датум за почеток на преговорите со Унијата додека не го реши прашањето за името беше директна „шлаканица“  за еврокомесарот Штефан Филе кој притискаше земјата да добие датум, потсетува грчкиот весник.

„То Вима“ пишува дека Филе, кој пред министерскиот состанок бил сигурен дека Македонија ќе добие датум, не ја пресметал мобилноста на европските партнери. Името Париз и Берлин не биле подготвени да и додадат дополнителен товар на владата на Андонис Самарас. Бугарија имала свои причини да и се приклучи на грчката позиција, додека Виена је презела водечката улога во поддршка на позициите на Македонија, но без успех.

„Сепак, дипломатски кругови тврдат дека условите за Скопје се променети. И не се работи за ништо друго туку за префрлување на полето на дејствување од НАТО во ЕУ. Ова се случува со премолчена согласниот од американска страна која ги следи настаните и чека да види што ќе се случи по состаноците на Нимиц во Атина и Скопје. Правилото за едногласност во НАТО е свето, и никој не сака да го доведе во прашање. Но условите во ЕУ се покомплексни и постигнувањето консензус и компромис не дозволуваат непопустливост. Американски функционери инсистираат дека е добро прашањето да се завтори“, пишува „То Вима“ додавајќи дека „не смее да се заборави оти влезот на Скопје во НАТО може да регулира и на состанок на Северноатлантскиот совет“.

Атина ја препозна промената на „дипломатскиот терен“ и соодветно  ќе дејствува. Според весникот,  не е исклучено министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во претстојните недели да се сретне со „клучните европски играчи“ и да го посети Париз. Весникот потсетува дека поддршката на министерот за европски прашања Бернар Казнев за грчкиот став на состанокот на ЕУ „не помина незабележително“.

Во исто време, подвлекува „То Вима“, еврокомесарот Филе не е подготвен да се повлече и неговиот став е дека во јуни наредната година работите ќе бидат поинакви и верува дека ставот на земји како Бугарија, ќе се промени по изборите закажани за 2013 година.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски