„То Вима“: навредлив настап за Грција на карневалот во Вевчани

Од:

Некои грчки медиуми и годинава се занимаваат со карневалот во Вевчани на кој вевчанци со нова маска и направија помен на ланската „смрт на Грција“, една од најинтересните маски на минатогодишниот карневал.

Весникот „То Вима“ пишува дека и годинава на карневалот имало „навредлив“ настап за Грција. Потсетувајќи дека на минатогодишниот карневал една од главните сцени бил погребот на Грција, весникот информира дека како продолжување на агендата од минатата година, годинава карневалот одбележал една година од смртта на Грција.

Извори од грчкото МНР, на кои се повикува „То Вима“, коментирајќи го  „инцидентот“, рекле дека „ваквите случувања се резултат на националистичката реторика на владата на пјРМ која го труе јавното мислење во земјата и оти во крајна линија организаторите на овој карневал, самите се карневал“.

Веднаш по овој коментар, весникот пишува дека карневалот го финансира македонското Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски