ТНТ: Сведочење на професорот Арсовски од Архитектонскиот факултет

Од:

Со сведочење на професорот на Архитектонскиот факултет во Скопје Владимир Арсовски, а со мало задоцнување, почна рочиштето за предметот „ТНТ“, за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Професорот Арсовски одговара на прашања на обвинетиот Тони Трајковски во врска со неговиот потпис на стручното мислење на професорот Мирослав Грчев. Во повеќе наврати судијата Огнен Ставрев ги прифати приговорите на обвинителот Бурим Рустеми кој сметаше дека обвинетиот не ги поставува прашањата како кон сведок, туку како кон вешто лице. Иако судијата Ставрев му посочи на обвинетиот да побара помош од адвокатите, тој продолжи со иста динамика на прашања.

За предметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска