ВИДЕО: ТНТ – нов предмет за „Космос“ на СЈО

Од:

Специјалното јавно обвинителство покрена предмет за уривањето на „Космос“ на Фиат Цановски во кој се осомничени поранешниот премиер Никола Груевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кои се веќе помилувани од Ѓорге Иванов. Првоосомничена е надлежната инспекторка која според СЈО незаконски и по политички налог го урнала објектот.

Во предметот осомничен е и градоначалникот на Гази Баба, но и тој е аболициран од Ѓорге Иванов.
На почетокот на прес конференцијата, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева се заблогодари на поддршката од граѓаните, која како што рече е дополнителен мотив и обврска за поголема одговорност на СЈО.

-Почитувани граѓани, најнапред сакам да ви се заблагодарам за поддршката која секојдневно ја изразувате во однос на нашата работа, што секако ја зголемува мојата одговорност пред вас, но претставува и натамошен мотив за ефикасно остварување на мандатотот кој го имам јас и ова јавно обвинителство.

Ќе бидат презентирани тешки облици на загрозување на основните постулати на кои се темели едно современо општество – функционирањето на правната држава, озвоможување еднаквост на нејзините граѓани и недискриминација.

Непочитувањето на обврската не само за воздржување од дискриминација туку и обврската да се спречат и елиминираат сите форми на дискриминација претставува пример за за непочитување човековите права и целосно оневозможување на непречено остварување на правото на еднаквост во слободите и правата.

Покрај останатите меѓународни инструменти со кои е креирана универзалната димензија на човековите права чии основни атрибути се еднаквоста и неотуѓивоста ценам дека е значајно да ја потенцирам и праксата на европскиот суд за човекови права која недвозмислено ја промовира слободата на изразување која е од исклучителна важност за сите нас, особено и во контекст на развивање на критичката мисла.

Селективноста во постапките за дискриминација на политичките неистомисленици преку нанесување директна штета претставува очигледен пример за класична злоупотреба на институционалните капацитети од страна на носители на највисоки јавни функции. Целосното непочитување на законски пропишаните постапки, водејќи се од мотиви и побуди единствено во функција на комплетна деградација, дејствија насочени против добрата на одредени лица и нанесување на штета на поединците кои имаат различна политичка припадност упатуваат порака и за останатите политички опоненти дека може да очекуваат да се соочат со исти напади.

Ваквите негативни дејствија кои во своите субјективни елементи содржат дискриминација, а од друга страна злоупотребата на институционални механизми за одмазда и наштетување имаат видливи последици како во повреда на слободите и правата така и предизвикување на имотна штета како средство за остварување на единствената цел – јасна порака за третирање на различност на поединцот создавајќи негативни консеквенции преку директно зарозување на неговите индивидуални слободи и права.

Оневозможувајќи го владеењето на правото и создавајќи услови за владеење на поединци кои се раководат од индивидуални цели, користејќи ја можноста како за злоупотреба на институционалните капацитети покажува сериозно загрозување на уставните гаранции за заштита на човековите слободи и права и за еднаков третман на граѓаните.

Конечно, во случајов кој ќе го презентираме денес ќе видите дека не е почитуван ниту основниот заштитен принцип на извршното право, кој што гарантира дека кон лицето врз чиј имот се спроведува присилното извршување ќе се постапува на достоинствен начин, водејќи сметка за угледот и личноста на должникот, како и за тоа извршувањето да биде што помалку неповолно за него.

Свесното и злонамерно постапување во кое не биле преземени најмалку рестриктивни мерки за да се постигне „јавното добро и општиот интерес“ несомнено укажува на фактот дека истиот овој ефект би можел да се постигне и со употреба на далеку помалку сила и значително помалку присилба, отколку што е тоа случај, рече Јанева.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска