ВИДЕО: ТНТ ќе се суди одново, поротничката по втор пат даде оставка

Од:

Поротничката во случајот „ТНТ“, Лилјана Ивановска-Кочковска по втор пат се обрати до судот и даде неотповиклива оставка во судот. Како причина наведува дека има здравствени проблеми. Ова значи дека ТНТ се враќа на почеток.

„По втор пат се обраќам, на 13.01.2020 година, од Лилјана Ивановска-Кочковска, судија поротник во овој суд, дава неотповиклива оставка. Таа кажува дека и престанал судскиот мандат. Таа кажа дека има здравствени проблеми. Вели дека се извинува, се заблагодарува и тн.“, рече судијата Ставрев.

Бидејќи советот не е во полн состав, постапката за „ТНТ“ почнува одново. Ставрев не сакаше да ја коментира оставката.

„Одбраната и обвинетите тврдевте дека ова не го правите поради одолговлекување на постапката, ниту нејзино запирање, ако е така, потврдете се сами себе, ќе ја отпочнеме постапката одново, меѓутоа да не почне макотрпно како досег, туку читајќи се што беше изведено“, рече Ставрев.

Следното судење е закажано за утре.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов