ТМ: Загинувањето на Младенов останува мистерија

Од:

Правосудните органи и органите на истрагата не ги расчистија дилемите поврзани за загинувањето на новинарот Никола Младенов, туку уште повеќе се продлабочија, стои во двомесечниот извештај за јули и август на „Транспарентност Македонија“.

Според нив, случајот Младенов уште од самиот почеток е проследен со контроверзи и нејаснотии, а институциите немаа логични одговори. Ви извештајот стои дека повиканите институции решиле на заедничка прес – конференција да го објават конечкиот заклучок – Никола Младенов загинал во сообраќајна несреќа која била предизвикана од самиот Младенов.

tm-transparentnostmak

„Ако во првите денови по незгодата можеше да се прифати истражниот судија и другите истражни органи да немаат одговор на некои значајни прашања, крајно нелогично беше што истите тие дилеми не беа расчистени и по повеќе од три месеци од настанот.

– Да се закаже прес конференција, на која – на иста маса! – се појавуваат министерката за внатрешни работи, државниот јавен обвинител, јавниот обвинител на ОЈО Скопје и претседателот на Кривичниот суд и да не се одговори на прашањата за тоа каде бил Младенов во времето од 16 до 23 часот на кобниот 26 март годинава; со кого контактирал критичниот ден; каде е неговиот мобилен телефон; зошто не е извршено вештачење на автомобилот и сл. – е целосно неприфатливо.

– Јавноста беше сведок на неверојатни објаснувања дека сите камери на автопатот од Скопје кон и од Велес не работеле, дека истрагата не утврдила каде бил Младенов во споменатиот период и со кого контактирал, како и тоа дека неговиот мобилен телефон не е пронајден – се вели во извештајот.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

МИМ го објави 16-тиот конкурс за новинарската награда „Никола Младенов“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) СДСМ: Вистината за смртта на Никола Младенов – што се презентираше пред камера, а што зборуваа по телефон

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска

Груевски: Поддржуваме и се согласуваме на нова истрага за смртта на Младенов

Емир Латифовиќ

Две години од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска

Една година од смртта на Никола Младенов

Ана Ололовска