„Титаник 2“ се претвори во натпревар во знаење помеѓу Фатиме Фетаи и адвокатот Василев

Од:

Денешното рочиште за случајот „Титаник 2“ се претвори во натпревар во знаење на кривичното право помеѓу одбраната на обвинетите и обвинителството, конкретно помеѓу адвокатот Петар Василев и обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи откако на самиот почеток од судењето Василев имаше приговор на изјаснувањето на Фетаи во однос на доказите поднесени од страна на одбраната.

Тој почна да ги набројува членовите од КЗ во кои, според него, се вели дека обвинителството во оваа фаза на процесот нема право на приговор за доказите поднесени од одбраната.

– Господине Василев очигледно сакате да ги користите бројките на членовите во своите излагања, јас и дадов збор на обвинителката Фетаи, таа не приговара, рече судијата Огнен Ставров.

По препирката помеѓу обвинителството и одбраната рочиштето беше одложено за 13 ноември бидејќи обвинетиот Бедредин Ибраими најави дека ќе поднесе нова листа на докази. Ибраими побара судот да направи увид во примопредавањето на предметот од основното јавно обвинителство до СЈО.

Тој исто така се посомнева во рокот во кој ова обвинение е поднесено од страна на СЈО на што реагираше обвинителката Фетаи која кажа дека обвинителството има право да поднесе обвинение во најмногу 18 месеци откако ќе ги добие материјалите и прислушуваните разговори.

– Цело време интенцијата ви е дека сме немале право да поднесеме обвинение. Само да го потсетам Бедредин на одредбата од законот каде се наведува дека јавниот обвинител кој раководи со СЈО може да покрене обвинение не подолго од 18 месеци од земање на предметите и материјалите, рече Фетаи.

Одбраната исто така ја предложи портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска за сведок во предметот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска