Тинеке Штрик: Бугарските барања немаат никаква врска со критериумите за членство во ЕУ

Од:

Бугарските барања кон Северна Македонија за идентитетските прашања немаат никаква врска со критериумите за зачленување во ЕУ, вели холандската европратеничка од редовите на Пратеничката група на Зелените, Тинеке Штрик за „ЕУ Обсервер“.

– Ние навистина не гледаме деструктивност од страната на Северна Македонија, туку повеќе гледаме еден вид на загадувачки процес од страна на бугарските власти, вели Штрик.

Според неа, бугарската блокада на Северна Македонија претставува ризик за нарушување на кредибилитетот на ЕУ како во земјава, така и регионот.

– Тие треба да ја имаат таа перспектива и ние треба да испорачаме, заклучува Штрик.

„ЕУ Обсервер“ потсeтува дека земјава потроши децении на решавање на спорот за името со Грција, по што во 2018 двете држави го постигнаа Договорот од Преспа, со што се расчисти патот за старт на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ.

– Перспективите на Северна Македонија за членство беа поттикнати на почетокот на минатата година со одлуката на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Но, Бугарија во ноември стави вето на старт на преговорите, предизвикувајќи нова криза, за која критичарите оценуват дека претставува игра во рацете на националистите, додава „ЕУ Обсервер“.

Изданието пренесува и изјава на висок претставник од Владата во Скопје, кој вели дека спорот со Бугарија е посложен отколку оној за името со Грција.

– Со Бугарија се чини помалку конкретен, но е покомплициран – само затоа што е помалку конкретен, изјавил македонскиот владин претставник, кој побрал анонимност.

Според него, доколку нема напредок во пристапниот процес на Северна Македонија, тоа може негативно да се одрази и врз другите земји во регионот, како што се Србија и Босна и Херцеговина, кои може да отстапат од решавање на сопствените проблеми.

– Она што се случува изгледа како бескрајна приказна. Што и да направиме, никогаш не е доволно, додал тој во изјавата за „ЕУ Обсервер“.

Изданието потенцира дека Европскиот парламент денеска треба да се изјасни за Извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската унија, потсетувајќи дека неколкумина левичарски европратеници поднесоа Амандман на текстот во кој се бара бугарските власти да престанат со „провокативни изјави“ кон земјава и во исто време се поздравува „зрелиот и избалансиран одговор на Северна Македонија“ на нападите од страна на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите