Тимотеј: Потврден ставот, остануваме против промена на името на црквата

Од:

Архиепископскиот црковно-народен собор (АЦНС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на редовната годишна седница што вчера и денеска се одржуваше во манастирскиот комплекс „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта го потврди и реафирмира ставот за неменување на името на МПЦ и неменување на името на државата.

Во Резолуцијата на Соборот, како што истакна денеска на прес-конференција портпаролот на МПЦ-ОА владиката Тимотеј, поддржан е ставот на МПЦ од 26 декември лани за неменување на уставната позиција на македонскиот јазик, да се сочува унитарниот карактер на РМ и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет.

– Членовите на АЦНС воедно упатуваат и апел за национално единство и искрен и молитвен повик до сите политички субјекти во земјата за одговорен пристап во овој исклучително комплексен и полн со предизвици период за нашата татковина, со препорака да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ и сè што е македонско, истакна Тимотеј.

Преку Резолуцијата, Советот упати и апел до државните институции да се поведе поголема грижа за просветните институции на Македонската православна црква, за црковно-историските споменици, како и предметот „Етика во религиите“ да добие статус на редовен предмет во државното образование.

Едногласно, како што рече Тимотеј, биле прифатени и изгласани и предложените амандамани за дополнување на Уставот на Македонската православна црква.

– АЦНС ги прифати предлозите на САС и одлучи досегашната Полошко-кумановска епархија да се подели на две засебни епархии и тоа Тетовско–гостиварска православна епархија и Кумановско-Осоговска православна епархија и се додаваат во член 7 од Уставот на Македонската православна црква. Врз основа на направената географска поделба на Македонската православна епархија во Австралија, во чл. 7 од Уставот, покрај „Македонската православна епархија за Австралија и Нов Зеланд со седиште во Мелнбурн“ се додава и „Австралиско-сиднејска православна епархија со седиште во Сиднеј“, појасни владиката Тимотеј.

Редовното годишно заседание АЦНС го одржуваше вчера и денеска во манастирскиот комплекс „Рожденство на пресвета Богородица“ во Калишта, во рамки на одбележувањето на јубилеите „1000 години Охридска Архиеписопија“ и „60 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“, како и „75 години од Свештеничкото собрание во Издеглавје“, „200 години од раѓањето на митрополитот Партениј Зографски“ и „1155 години од Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј“.

Би можело да ве интересира

Додека ние преговараме како учениците ќе ја толкуваат Охридската архиепископија, Бугарите веќе ја присвоија

Орце Костов

Саборот на СПЦ ќе ја признае македонската црква најавуваат српските медиуми

Катерина Ѓуровски

Продолжуваат чествувањата за 1000 години постоење на Охридската архиепископија

Ана Ололовска