Додека ние преговараме како учениците ќе ја толкуваат Охридската архиепископија, Бугарите веќе ја присвоија

Од:

Бугарските историчари се се погласни во тврдењата дека Охридската архиепископија е важна бугарска црковна институција, а случајно или не, нивните ставови ги изнесуваат во моментите кога мешовитата македонско-бугарска комија за историски и образовни прашања разговараат токму за тоа како да ја претстават историјата на ОА во учебниците во по историја за основно образование во двете земји.

Историчарот и професор Христо Матанов, специјалист по средновековна бугарска и балканска историја вели дека сите историски извори покажуваат Охридската архиепископија била основана од царот Василиј II Бугароубиецот по падот на Самуиловова Бугарија под византиска власт во 1018 година.

„Во оваа смисла, тоа е многу важна црковна институција која развива чувство за автокефалност, се спротивставува на Цариградската патријаршија“, нагласи средновековниот научник. Од писмата на Димитар Хоматиан, кој по потекло е Грк и бил архиепископ охридски, дознаваме дека населението е бугарско. Имаше и мали нечистотии, но така е секаде на Балканот. Сите главни извори од таа ера зборуваат за Бугари, Македонци немалоОхридската архиепископија е создадена во годината на освојувањето на Првото бугарско кралство и ги опфаќа нејзините епархии.

Се нарекува и Бугарска архиепископија, а поглавар е архиепископот на цела Бугарија. Бугаринот Јоан Дебарски од Бигорскиот манастир е прв поглавар на Охридската архиепископија“, вели за БГНЕС, професор Матанов.

Единствена тема на разговор помеѓу историчарите од Македонија и Бугарија е токму Охридската архиепископија. Дека има недоразбирања поради различниот притстап на толкувањето на средовековната историја, односно дека бугарските историчари сакаат да се промени начинот на кој Охридската архиепископија е претставувана во нашите учебници, потврди и копретседателот на комисијата, Драги Ѓоргиев.

„Тука станува збор за препораки за учебници со кои треба да се надминат одредени недразбирања за да се подобрат учебниците во двете држави, а не да се постигне некаква согласност меѓу историографиите во Македонија и Бугарија. Тука некаде настанува конфликтот за кој не можеме да се разбереме и да го надминеме тоа“, изјави Ѓоргиев оценувајќи дека дводневната средба била напорна и тешка, но атмосферата била конструктивна.

Поради овие преговори членовите на македонскиот тим се најдоа на удар на дел од јавноста која почна да нагаѓа дека историчарите преговараат нешто повеќе од корекција на учебниците за основно училиште. Членовите на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања тврдат дека не преговараат за црковното прашање на МПЦ-ОА .

„Се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на ОА во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла“.

Оттаму велат дека ова не е прв пат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени.

„Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество“, додадоа од Комисијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Францускиот амбасадор во Софија: Целта е да се напишат учебници со заедничка историја

Орце Костов

(ВИДЕО) Андреева-Малкова од БНР: Чекаме Бугарите да бидат впишани како рамноправен народ во Уставот на Македонија

Орце Костов

Македонија и Бугарија разменија предлози за учебниците по историја за кои ќе се разговара на крајот од март

Орце Костов

Милков: Историската комисија е заслужна што утре заеднички ќе го славиме Свети Климент Охридски

Орце Костов

Историската комисија не преговара за црковниот статус на МПЦ-ОА

Орце Костов

Тензии на состанокот на историската комисија за предлогот за заедничко чествување на Гоце Делчев

Ана Ололовска