Тимот на министерствата за финансии и образование и наука победник на Бизнис трката во Скопје

Од:

Комбинираниот тим на министерствата за финансии и образование и наука е победник на штафетната трка со четири измени по два километри на македонската општествено-деловна заедница што викендов се одржа на патеката на кејот на Вардар во Скопје.

Во тимот на министерствата за финансии и образование настапи и министерот за финансии Драган Тевдовски.

Второ место беше тимот Сивус Спартанс, а третото место му припадна на тимот на Телеком Магента 1.

Најбрзи поединци, со најбрзо истрчани кругови, беа Сања Костуранова од тимот на Сивус кај жените и по втор пат, Игор Стојановски од Халкбанк кај мажите.

Трката се организира по втор пат, од здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје, со цел јакнење на тимскиот дух меѓу вработените во компаниите и нивно поврзување со останатите фирми учеснички во трката.

На Business Run 2017, како што инофрмираат организаторите, учествуваа 62 тимови на познати македонски компании, банки, телеком оператори, градежни, осигурителни, трговски, угостителски и софтверски компании, веледрогерии, болници, медиуми, политички партии, адвокатски канцеларии, стопански комори, образовни институции, амбасади итн.

Би можело да ве интересира

Трибина „Фер општество-шанса за сите“ во Битола

Тевдовски ги повика кумановци да гласаат „за“ на референдумот

Наум Локоски

Заев и Тевдовски на средба со Лабуристите во Лондон: Работиме на нашата заложба за создавање едно општество за сите

Наум Локоски

Тевдовски пред расправата за буџетот ги почасти колегите со мекици

Ана Ололовска

Димовски до Заев и Тевдовски: Владата што не е спремна да прифати туѓ предлог нема демократски капацитет

Наум Локоски

ВИДЕО: Џафери му го исклучи микрофонот на министерот Тевдовски

Виктор Јованов