Тимоние: Односите со Атина влеваат оптимизам

Од:

Постои нова клима на реалација Скопје-Атина, но и желба за дијалог од двете страни, со тоа ќе се олесни многу и продолжувањето на дијалогот во однос на прашањето за името, смета францускиот амбасадор Кристиан Тимоние во интервју за МИА оценувајќи ја како оптимистичка неодамнешната посетата на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Атина и изјавите по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕиас.

– Треба да се задржи оптимизмот, затоа што оптимизмот е тој којшто ја прави разликата. Затоа што неможе да очекуваме ставовите на земјите, туку така, да се променат преку ноќ, туку треба да се воспостави клима на взаемна доверба помеѓу различни соговорници коишто, прво треба да научат да се запознаат меѓусебе, но исто така да ја запознаат сопствената цврстина. И министрите за надворешни работи се обврзаа кон дијалог за меѓусебно запознавање на ниво на двете влади, вели Тимоние.

Тој смета дека не би помогнало на никој, ниту на оваа Влада, да кажат дека по првата средба работите не беа добри.

– Неможам да ви кажам ниту еден пример од меѓународниот дипломатски живот каде што тоа се случило. Може да очекуваме и чуда, но мислам дека тоа не би било разумно. Она што е разумно е да се забележи дека постои една нова клима, потоа треба да се видат кои се конкретните мерки коишто ќе ги преземаат и едната и другата страна за да се подобри животот и кај едните и кај другите, да се интензивираат човечките односи, културните односи. Понекогаш сме изненадени, бидејќи земјите од една страна се многу блиски за нивните граѓани да ги поминуваат одморите едните кај другите, но сепак, го игнорираат културното наследство и покрај тоа што имаат заедничко кулутрно наследство или историја која што ја споделуваат, вели Тимоние.

Тој оценува дека има уште многу работа што треба да се направи за да се приближат двете земји и тоа на институционален план, на ниво на администрациите.

– Мислам дека одредени предлози од страна на Скопје ќе бидат сепак проследени со голем интерес од страна на сите и ќе покажат дека постои желбата за дијалог и тоа на долгорочен план. Тоа е во интерес и на Скопје да инсистира врз подобрувањето на дијалогот. Мислам дека од грчка страна постои, исто така, желба да се оди подалеку на тој план и дека и едните и другите треба взаемно да си држат до зборот. Со тоа ќе се олесни многу продолжувањето на дијалогот во однос на прашањето за името. И не треба постојано да мислиме само на тоа прашање за името, и бидејќи нема моментален прогрес за името тогаш воопшто да не ги спроведуваме другите реформи. Не треба така, затоа што постојат низа пречки коишто стојат на патот кон приклучувањето во НАТО и ЕУ, а името е само една од пречките, истакнува францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервју за МИА.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Ќе бидат повлечени амбасадорите во чија работа ќе се констатираат нерегуларности, најави Мицкоски

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска

Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Кристијан Ландов

Назначени тројца амбасадори, меѓу нив и Фрчковски во Обединети нации

Ана Ололовска