Тимоние: Изборите мирни, Македонија покажа дека е стабилна и одговорна земја

Од:

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние оценува дека според неговото искуство како набљудувач на вчерниот втор круг од локалните избори, тие поминале мирно, а Македонија покажала дека освен што е стабилна и одговорна земја и сите демократски сили ја одиграле улогата која што им припаѓа.

– Јас вчера бев набљудувач и најчесто во текот на денот се досадувавме. И бев среќен што се досадувавме затоа што сепак претстои се уште простор за одредени напредоци. Затоа што и старите земји членки на Европа понекогаш се соочуваат со потешкотии во текот на изборите. Но, сепак има правни рамки кои овозможуваат да се надминат сите тие потешкотии. Со тоа се покажува дека Македонија освен што е стабилна и одговорна земја и сите демократски сили си ја одигруваат улогата која што им припаѓа, односно, од една страна имаме мнозинска Влада која треба да си ја одигрува својата улога, но исто така од друга страна и демократска опозиција, оценува Тимоние.

Тој денеска одржа предавање на Факултетот за безбедност-Скопје во рамки на Дипломатскиот форум на тема „Француската надворешна политика, Европската Унија и Балканот“.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори