Тилевски: Со нови проекти на ВМРО-ДПМНЕ до победа уште во првиот круг

Од:

Нашата сила е народот. Уште од денеска започнуваме со работа која ќе триумфира на 15 октомври со голема победа уште во првиот круг. Охрид секогаш ќе биде лулка на ВМРО-ДПМНЕ и стожерот на Македонија. Тоа на денешната прва прес-конференција го истакна Митко Тилевски, кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“ за градоначалник на Охрид.

Тилевски изрази уверување дека граѓаните ќе ја препознаат вистинската сила во него и во советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, како вистински избор за светла иднина на градот Охрид.

Тој истовремено изрази надеж за мирни, достоинствени, фер и демократски локални избори.

Носителот на листата на кандидати за советници Кирил Пецаков од своја страна нагласи дека за нив најважна работа е дадениот збор.

– Во изминатите четири години неуморно се реализираа најголем број проекти за кои дадовме збор и максимално се вложивме за изградба на Охрид како современа општина…Охриѓани видоа нова, сосема отворена локална самоуправа, посветена кон целата јавност, вистински сервис во решавањето на проблемите на граѓаните, истакна тој.

Пецаков нагласи дека токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни оти новите проекти што ќе ги понудат со новата изборна програма ќе се реализираат во периодот од наредните четири години.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски