ТИКА донираше 55.000 евра за детскиот Ургентен центар

Од:

Турската меѓународна агенција за соработка и развој (ТИКА) донираше 55.000 евра во рамки на кампањата „Да помогнеме навреме“ за реконструкција и адаптација на простор за педијатриски Ургентен центар на Клиниката за детски болести, во Скопје. Покровител на оваа кампања е сопругата на претседателот на Македонија, Маја Иванова.

Синоќа се одржа донаторски коктел за ВИП личности во МКЦ во Скопје, а на кој присуствуваа претседателот Иванов и неговата сопруга.

Донираните пари ги покриваат трошоците за градежна адаптација на просторот. Дополнително е потребна и соодветна медицинска опрема, која ќе најде ефикасна примена во реконструираниот простор и ќе овозможи побрза и поквалитетна интервенција за ургентните случаи.

Проектот со донации од над 120.000 денари го помогнаа и компанијата „Тинекс“, амбасадата на Катар, амбасадата на Сојузна Република Германија, Унија финансиска Скопје – подружница на Вестерн јунион, како и компаниите „Алкалоид“ и „Кожувчанка“.

На донаторскиот коктел присуствуваа директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, која е координатор на кампањата, како и партнерите на националната кампања, Мариет Шурман, амбасадорка на Кралството Холандија во Македонија, Мери Џ. Волерс, сопруга на амбасадорот на САД во Македонија, непрофитната организација ЛинкАкрос и претставници на маркетинг агенцијата „Њу момент“.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

ДУИ знаела дека прима преголеми донации, но парите не ги вратила веднаш, утврди Антикорупциска

Орце Костов

Комбе за џамијата во Арачиново, лустери и темјан за Бигорски манастир: Донации од Агенцијата за одземен имот

Орце Костов

Апел за помош на Никола Ѓорѓиев

Ана Ололовска

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска