Теута Арифи за 300 илјади евра каскадно ќе ја уредува Пена

Од:

Општина Тетово за 17 милиони денари или речиси 300 илјади евра ќе става потпорни ѕидови на реката Пена во делот кој тече низ територијата на градот.

Изведувач на проектот е НБ Цомпану ДОО Тетово кој е должен во рок од 90 дена да ја реализира изградбата.

Фирмата „НБ Цомпану ДОО Тетово“ е една компаниите со најголем број добиени тендерите во областа на градежништвото објавени од страна на општина Тетово додека на чело на општината е актуелната градоначалничка Теута Арифи.

Од 2016 година па се до денес, оваа компанија има добиено повеќе од 13 проекти во Тетово меѓу кои изградба на паркинг, изградба на каптажа на Шар Планина, интервентни градежни работи на инфраструктурни објекти, реконструкции на патишта и улици, одржување на патна мрежа и комунални услуги за потребите на општината.

Арифи е градоначалничка на Тетово од 2013 година. Нејзиното владеење со општината е пропратено со повеќе обвиненија за неправилно работење и непотизам во однос на вработувањата, а главен проблем во општината долг период беше и дивата депонија на која се жалеа жителите на Тетово.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов