Теута Арифи се сретна со турскиот премиер Ердоган

Од:

Во рамки на работната посета на Република Турција, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Теута Арифи денеска се сретна со премиерот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.

За време на средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Македонија и Турција особено од аспект на интеграцијата во Европската унија, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Соговорниците се согласија дека меѓусебните односи и соработката меѓу двете земји се на одлично ниво, а со потпишувањето на Протоколот за соработка ќе се овозможи продлабочување на соработката и во делот на евроинтеграции.

Вицепремиерот Арифи информираше и за тековните активности кои се преземаат во нашата земја во однос на реформите од европската агенда. Арифи посочи дека Владата усвои и Акциски план со кој се адресираат препораките нотирани во Извештајот за напредокот на Македонија.

Премиерот Ердоган истакна дека интеграцијата на земјите од Балканот и Турција во Унијата е важна за понaтамошниот напредок на регионот и истакна дека Турција и во иднина ќе ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија.

Би можело да ве интересира

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

(ВИДЕО) Трагедија во Кападокија: Се урна „Самовилскиот оџак“ – има жртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации