Тетовските пожарникари преку протест побараа платите да бидат според законите

Од:

Протест за работнички права одржаа дел од пожарникарите од Тетовската против пожарна станица со намера да укажат дека има потреба да добиваат плати според законот за пожарникарство. Висината на платите и додатоците за прекувремена смена, работа во викенди и празници бараат да бидат повисоки односно исти како пожарникарите во другите градови.

-Иако, од 2005 година пожарникарите преминаа во локална самоуправа, нема напредок на нивните права и унапредување на техничките средства како основни средства за работа. Пожарникарството е работа која треба да биде непречена кога се извршуваат работните задачи. Сепак, тоа се вработени во јавен сектор и во таа насока треба правата да бидат согласно степенот на ризик на работа и задачи кои ги обавуваат, рече Горан Ристески од Независниот синдикат на државната управа.

Според него, неколку наврати безуспешно се обидуваат да комуницираат со градоначалничката Теута Арифи за средба за да ги објаснат забелешки во делот на нивните права.

-Оштетени сме согласно законите за работни односи и пожарникарство, бидејќи има отстапки од основна плата и додаток на плата кој не се исплаќа во целост и онака како што е предвидено во законодавството. Бараме да се почитуваат членовите 13, 17, 18 и 20 од Законот за пожарникарството околу правата на овие работници. Општината да покаже достоинственост кон пожарникарите. Доколку не се реализираат нашите барања, ќе имаме нови протести и тоа низ градот, рече Ристевски.

Синдикатот има поведено и судски постапки против Општината.

Би можело да ве интересира

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Според тетовската полиција, кучето кое со страотни крици падна од зграда,никој не го турнал

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов