Тетово и Скопје и денеска најзагадени

Од:

Во Тетово, Скопје, Битола, Кичево и Кочани и денеска се регистрирани високи концентрации на ПМ 10 честички.

Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, утрово во 8 часот концентрации од 373 микрограми на метар квадратен регистрирани се во Тетово, 337 во Центар, Гази Баба 190, Лисиче 258, Битола 213, Карпош 227, Кичево 133 и Кочани 109.

Владата на Република Македонија вчера на вонредна седница донесе повеќе заклучоци и препораки во врска со зголеменото ниво на загаденост на воздухот.

Усвои заклучок со кој се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) во Градот Скопје и Општината Тетово (каде беше констатирано дека во десет последователни дена ПМ-10 честичките се над дозволените граници), да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60-годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60-годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), до 4 јануари.

Градот Скопје и општината Тетово добија препорака да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата.

Владата го задолжи Државниот инспекторат за животна средина, до 4 јануари 2016 година да врши секојдневна вонредна контрола во инсталациите кои подлежат на А интегрирана еколошка дозвола и секој ден да доставува извештај до министерот за животна средина и просторно планирање и до министерот за здравство.

Препорака добија и на Градот Скопје и другите општини, преку овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори, до 4 јануари 2016 година да вршат еднаш неделно контрола на инсталациите кои подлежат на Б интегрирана еколошка дозвола само во делот на емисии во воздухот и имисии. При тоа, во рамки на контролите на територија на Градот Скопје и Општината Тетово, да се даде препорака за редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветната единица на локалната самоуправа.

Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да ги даде следните препораки до граѓаните почесто да го користат јавниот превоз, да не ги користат возилата без поголема потреба, да ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време и да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал. Државниот инспекторат за животна средина да изврши контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при работењето од нивна надлежност да преземе соодветни мерки.

Би можело да ве интересира

Посебен режим за камиони, засилени контроли во сообраќајот, вонредни инспекции кај потенцијалните загадувачи – мерки за намалување на загадувањето

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Врховен утврди начелен став дека државата е должна да обезбеди здрава животна средина, непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза