Тетовец приведен, полицијата дома му најде 44 пакувања марихуана

Од:

Тетовски полицијци денеска по претрес на дом на 26- годишник од градот најдоа 44 пакувања со марихуана, по што осомничениот е приведен. Претресот бил извршен со соодветна судска наредба.

–Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 16.30 до 18 часот извршија претрес во домот на Е.А. (26), на улица „Браќа Миладинови” во Тетово. При претресот, пронајдени му се вкупно 44 пакувања со марихуана. Тој е лишен од слобода, а марихуаната е одземена за вештачење, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По целосно документурање на случајот, на осомничениот ќе му биде изготвен поднесок за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, согласно член 215 од Кривичниот законик, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски