Тетовец нападнал газда на кафуле откако му кажале дека нема место поради анти-ковид мерките

Од:

22-годишен житеч на Тетово нападнал негов врсник, сопственик на кафуле во градот, откако тој му кажал дека сите маси во објектот се зафатени поради рестриктивните мерки против коронавирусот, соопшти полицијата. Настанот се случил на средината на февруари.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава А.Т.(22) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 13.02.2021 околу 18.45 часот, пријавениот физички го нападнал М.М.(22) од с.Блаце, тетовско, во неговиот угостителски објект во Тетово. Во наведеното време пријавениот дошол во објектот и побарал да биде послужен со пијалак, но откако бил одбиен со образложение дека сите маси се зафатени поради почитување на протоколите за работа и спроведување на мерките за заштита од ширењето на ковид-19, тој го нападнал сопственикот,“ се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари