Тетовчанка злоупотребила изгубена платежна картичка за купување од интернет

Од:

Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Љ. (20) од Тетово поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на изгубена платежна картичка за купување од интернет.

Пријавената, како што информира потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски казненото дело „неовластено навлегување во компјутерски систем“ го сторила на четврти јануари годинава.

Со цел стекнување противправна имотна корист пријавената од сопствениот лап-топ компјутер, од својот дом во Тетово неовластено навлегла во електронскиот систем на изгубена „VISA Electron“ платежна картичка издадена од НЛБ Тутунска банка АД Скопје, регистрирана и сопственост на жител на кичевското село Трапчин Дол.

Претходно во Тетово пријавената А.Љ. случајно ја забележала платежната картичка што вистинскиот сопственик ја загубил. Го искористила бројот и кодот од пронајдената платежна картичка и со 33 временски поврзани електронски трансакции извршила трансфер на парични средства кон правното лице „Али Експрес“ во вкупен износ од 11.142 денари.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025