Тешки кражби, семејно насилство, тепачки за време на новогодишната ноќ

Од:

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски новогодишната ноќ ја оцени како мирна и без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Тој кажа дека се регистрирани 16 кривични дела, од кои најмногу на територијата на полицијата во Тетово. Станува збор за насилство, кражби и прекршување на мерките за заштита од коронавирус.

„Генерално имавме мирна новогодишна ноќ на територијата на целата држава, без нарушувања на јавниот ред и мир. На целата територија се регистрирани 16 кривични дела од кои што пет се на подрачјето на СВР Тетово, по три се на подрачјата на СВР Скопје, СВР Струмица, СВР Охрид и по едно кривично дело на СВР Велес и СВР Штип. Од нив, пет кривични дела се во врска со непостапување според здравствените прописи за време на епидемија констатирани преку контроли на угостителски објекти, три тешки кражби, две неовластено производство и пуштање во употреба на наркотични дроги и по едно дело кражба, тешка телесна повреда, односно, насилство и напад на службено лице, телесна повреда при семејно насилство и загрозување на безбедноста во сообраќајот“, рече Спасовски.

Во однос на прекршоците, според министерот Спасовски, регистрирани се 13 интервенции.

„Од страна на полицајците се евидентирани само 13 прекршоци во државата. Четири прекршоци се омаловажување на службено лице, по два физички напад, и по еден карање, викање и непристојно дрско однесување; употреба на пиротехнички средства и предизвикување односно учество во тепачка. За време на новогодишната ноќ немало сообраќајни незгоди со последица смрт“, додаде Спасовски.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа