Тешка сообраќајна несреќа во Штип – тинејџер со мопед удри во две девојки

Од:

Една девојка е тешко повредена, а нејзината другарка има полесни повреди, откако во нив удрил мопед кој бил возен од 17-годишен тинејџер, вчера во Штип, соопшти полицијата.

„На 13.05.2021 во 22.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Железничка“ со ул.„Гоце Делчев“ во Штип, мопед „априлиа“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишен малолетник од с.Стар Караорман, штипско, каде сопатник бил уште еден малолетник, удрил во пешаците А.К.(21) и Р.М.(21), двете од Штип. Во незгодата Р.М. се здобила со тешки телесни повреди, а А.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип“, велат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он