Тешка кражба од банкомат на банка во Велес

Од:

Во Секторот за внатрешни работи – Велес утрово во 04,30 часот била пријавена тешка кражба од сеф од банкомат сопственост на Комерцијална банка.

Како што информира Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, било пријавено дека непознат сторител со употреба на сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата од трговски објект лоциран на улица „Благој Ѓорев“ бр.96 во Велес.

Тој влегол внатре и со употреба на сила и подесен алат делувал на вратата од сефот од банкоматот сопственост на Комерцијална банка и одзел три касети во кои според пријавата од Комерцијална банка, имало 2 милиони и 530 илјади и 500 денари.

Стојковска посочи дека полицијата извршила увид на лице место и се превземаат мерки за расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари