Тепачка во кафеана во Сарај

Од:

Синоќа околу еден часот по полноќ, во кафеана во Сарај 33-годишен гостин почнал да го критикува сопственикот на кафеаната, зошто како муслиман пиел алхохол и зошто пуштал српска музика, по што извадил нож и се обидел да го повреди.

Тепачката продолжила во отворениот дел на локалот, а сопственикот на кафеаната се здобил до исекотини. Веднаш потоа напомош пристигнал неговиот 30-годишен син кој извадил пиштол марка „ЦЗ“ калибар 7,65 и пукал во гостинот при што го погодил во десната нога нанесувајќи му две прострелни рани, по што се дал во бегство.

И ранетиот почнал да бега, по што после околу двеста метри паднал во тревата покрај земјниот пат. Сопственикот на локалот го земал пиштолот од својот син и се засолнил во близина на кафаната од каде за настанот ја известил полицијата.

На лице место први пристигнале Алфите, кои ранетиот гостин го пренесле во Ургентен центар, а потоа и сопственикот на кафеаната поради исечениците бил однесен во Градската болница ГОБ „8-ми Септември“. По синот кој пукал сеуште трага полицијата.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари