Тепачка меѓу мигранти во Ваксинце, едно лице повредено

Од:

Дваесет и петгодишен мигрант од Пакистан е повреден во тепачка меѓу мигранти што се случила синоќа во селото Ваксинце.

Повредениот мигрант поради сериозноста на повредите во десната страна на градниот кош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Тепачката во полиција ја пријавил Х.А. од селото Ваксинце кој посочил дека 10 до 15 непознати лица, најверојатно мигранти, меѓусебно се тепат. Во истиот период од Општата болница во Куманово во полиција било пријавено дека на хирушкото одделение бил донесен С.Р. (25) од Пакистан, кој како итен случај е препратен во Ургентниот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари