А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Тендери“ ќе продолжи на 14 мај со изведување материјални докази

by А1он13/04/2018 - 14:3213/04/2018 - 15:44236
Share0

Судењето за предметот „Тендери“ на СЈО во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, ќе продолжи на 14 мај со изведување материјални докази.

Добивај вести на вибер

На денешното рочиште беа преслушани пет телефонски разговори во присуство на јавноста. Од разговорите, четири се направени во 2011 година и во нив најчесто разговараат поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а петтиот разговор е од 2013 меѓу Канческа Милевска и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На првиот разговор што беше презентиран, покрај Канческа Милевска и Јанакиески, учествува и директорот на ГП „Бетон“ од Штип Илија Престилски. Во разговорот Канческа Милевска ги информира Јанакиески и Престилски дека „утре ќе биде објавен тендер“, но, како што посочува, „во него е наведено се за да го добие Бетон“. Наведува дека ќе ја тераат работата да нема застој и дека дента му биле префрлени 48 до 49 милиони денари. Му вели „терајте си ја работата како да е се во ред“, а претходно му кажува дека ќе треба да се објави нов тендер бидејќи е се исцрпено со анексот.

Во вториот разговор меѓу Канческа Милевска и Јанакиески таа го информира Јанакиески дека нема денар за да им плати и дека треба со ребалансот да се обезбедат средства, а на тоа Јанакиески и вика „да ги продадеме твоите алишта за да им помогнеме“.

Во третиот разговор меѓу Канческа Милевска и Јанакиески, таа го информира колку ја нервирал Илија кого, како што вели, не можела органски да го поднесе – „ми иде ножот да му го ркнам до крај, а Ице ми иде во Вардар да го удавам“. Го информира дека се уште не се излезени од, како што вели, „страната што се гледа од кај тебе“, а Јанакиески и вели дека „утре ќе излезат, а ако не ќе им го турне скелето“.

Во четвртиот разговор повторно меѓу Канческа Милевска и Јанакиески, поранешната министерка за култура му кажува на Јанакиески дека „Илија е мрднат и мисли дека таа му викнала полиција, му вели дека не може органски да го поднесе“. Посочува дека му платила 50 милиони, а за останатите 20 милиони ќе треба да се снајде бидејќи ги нема парите и ќе треба да ја почека уште еден месец. На тоа Јанакиески и одговара дека ќе треба да ја почека.

Петтиот разговор е меѓу Гордана Јанкулоска и Елизабета Канческа Милевска од 2013 година во кој поранешната министерка за култура ја информира Јанкулоска дека се јавил некој Николче Цветановски од СВР Битола кој и ги барал документите за изградбата на Музејот на ВМРО. Во меѓусебниот разговор се информира дали треба веднаш да му ги даде доколку дојде, или, пак, треба да му каже дека треба да почека да ги собере, а во меѓувреме барала од тогашната министерка за внатрешни работи да провери за кого станува збор и дали е „некој комуњар“. Тогашната министерка за внатрешни работи ја советува доколку го добие налогот да му каже дека и треба време да ги собере документите и да не му ги дава веднаш на Николче Цветановски, а во меѓувреме, како што вели, ќе провери кој е тој и за што се работи.

Предметот „Тендери“ се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.

sjotenderi

Би можело да ве интересира

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 12:2901/12/2025 - 12:29

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 11:47

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Катерина Ѓуровски13/03/2025 - 13:34

Левица: Закон за јавни набавки по нарачка на тендер мафијата и бизнис елитите на ДПМНЕ и ЗНАМ

Горан Наумовски16/01/2025 - 10:07

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски29/02/2024 - 14:1029/02/2024 - 14:14

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен