Tемелна дезинфекција на сите судници во Кривичниот суд, мерка против коронавирусот

Од:

емелна дезинфекција на сите судници и останати простории во Основниот кривичен суд ќе се врши од специјализирана фирма секој петок се додека постои опасност од ширење на вирусот, а во меѓувреме судските служби за одржување, согласно препораките, секојдневно ќе вршат чистење на судот по неколку пати во текот на работниот ден, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

Посочуваат дека дезинфекцијата е во правец на препораките на Владата на РСМ и известувњето на Министерството за правда и Судскиот совет – судењата во Кривичниот суд за кои постојат услови за одржување да не се одлагаат.

– Вакви дезинфекции од специјализирана фирма ќе се вршат секој петок се додека постои опасност од ширење на вирусот, а во меѓувреме судските служби за одржување, согласно препораките, секојдневно ќе вршат чистење на судот по неколку пати во текот на работниот ден. Воедно сите судски полицајци и службеници кои имаат директен контакт со странките задолжително носат стерилни ракавици, а за странките се обезбедени средства за дезинфекција, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Кривичниот суд информираат дека ќе продолжи со судење на сите расправи за кои постојат услови за нивно одржување се до добивање нови напатствија од Министерството за правда и Судскиот совет. Истовремено апелираат до странките и тие доследно да се придржуваат до
препораките за заштита.

Би можело да ве интересира

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Пред денешното рочиште се разболе обвинетиот кој со мотор го усмрти скопјанецот Југослав Николовски

Почина сведок во Кривичниот суд во Скопје

Обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделава

Катерина Ѓуровски