Телохранителот на Груевски предложен за сведок за крвавиот четврток

Од:

Оливер Вуксановиќ, адвокатот на обвинетиот предводник на група за крвавиот четврток, Александар Василевски Нинџа, во воведниот говор за судењето, рече дека одбраната ќе докаже оти некои обвинетите воопшто не го познавале Нинџа, а не да му ги слушаат наредбите.

„Немало акт на насилство, ниту некој се заканувал, ниту обвинетиот имал умисла и намера да го изврши кривичното дело“, рече адвокатот.

Во воведниот говор, Вуксановиќ рече дека преку листинзи од базните станици ќе ја докажат траекторијата на движењето на Нинџа за времето, за кое е обвинет со обвинителниот акт. Тој рече дека Нинџа не влегол и не бил во Собранието.

Адвокатот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, во воведниот говор, рече дека го предложиле за сведок и Благоја Василевски, брат на обвинетиот, а телохранител на експремиерот Никола Груевски.

Сите адвокати на обвинетите, освен бранителот на Горанче Ангечовски дадоа воведен збор на судењето.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски