Тело на починат насилно и сосе кревет изнесено од струмичката болница

Од:

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница, насилно го земале телото сосе болничкиот кревет и преку оградата на болницата го ставиле во нивното возило и однеле дома. Ова се случило утринава, откако пациентот бил донесен на лекување со отежнато дишење, малаксаност и други коморбидитети. Случајот е пријавен во полиција.

„Околу 9 часот, донесен е пациент во Инфективна амбуланта поради отежнато дишење, покачен крвен притисок, малаксаност, слабост и неможност да се движи. Штом е донесен, веднаш е пристапено кон преглед, давање помош и терапија на пациентот. Тој имал повеќе коморбидитети. По давањето на терапијата, по 15 минути, пациентот е езгитиран (починат). Додека се давала терапијата, присутни биле неговите од фамилијата, жената и ќерката. Се било според протокол. За 20 минути, пациентот егзитира. Не се испочитуваа протоколите за земање на телото на починатиот. Во болницата дојдоа поголема група на нивни пријатели и роднини и насилно го земаа пациентот, односно починатиот од амбулантата. Го земале умрениот сосе кревет, преку ограда го донеле во дворот на болницата, каде ги чекало комби и починатиот го носат дома“, вели Наќе Гогов, директор на Општата болница во Струмица.

Бидејќи телото на починатиот било насилно изнесено од болницата, докторите не успеале да земат брис за испитување, за да се утврди дали бил заразен со коронавирус. Претходно, пациентот се лекувал кај матичниот лекар.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Струмичанец прво се обиде да ја отруе сопругата, а потоа со нож и нанесе повреди на вратот

Горан Наумовски

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!