Телефонски разговор Пендаровски – Лајчак: Со назначување на специјалниот претставник, ЕУ испраќа позитивен сигнал за регионот

Од:

Претседателот Стево Пендаровски во денешниот телефонски разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, констатирал дека со назначувањето на специјалниот претставник Европската Унија испраќа позитивен сигнал дека регионот е меѓу приоритетите на Унијата.

Претседателот Пендаровски, како што соопштуваат од неговиот кабинет, изразил поддршка за мисијата на Лајчак и истакна дека придонесот на Европската Унија е повеќе од потребен со цел изнаоѓање прифатливо решение во рамки на дијалогот Белград – Приштина.

-Во разговорот двајцата соговорници размениле мислења и информации поврзани со актуелните политички состојби во регионот, значењето на регионалната соработка, процесот на проширување на Европската Унија, како и за помошта која Унијата и земјите членки им ја укажуваат на земјите во регионот во борбата со пандемијата на Ковид-19. Според претседателот, со назначувањето на специјалниот претставник, Европската Унија, по одлуката за отворање на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија испраќа дополнителен позитивен сигнал дека регионот е меѓу приоритетите на Унијата, соопшти претседателскиот кабинет.

Пендаровски на крајот на разговорот му го честитал неодамнешното назначување на одговорната позиција и му посакал успех во работата.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска