Телефонски разговор на Заев со Могерини

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера телефонски разговарал со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и го повторил ставот на партијата дека рамката дефинирана со договорот во Пржино е единственото реално решение на тешката криза со којашто е соочена нашата држава,  се вели во соопштението од  СДСМ.

– На Република Македонија и се неопходни кредибилни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци. Заев ја информираше Могерини дека опозицијата не ги повлече досега своите членови на ДИК за да го обезбеди своето присуство и контрола на процесот и за да спречи можни манипулации и злоупотреби, се додава во соопштението.

На оваа тема, како што информираат од СДСМ, ќе се дебатира и на денешниот состанок со коалициските партнери и предлогот на СДСМ ќе биде тоа учество да продолжи за да се спречат евентуални манипулации со избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев