Заев – Саливан: Остануваме посветени на прашањата за мирот и стабилноста

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска оствари телефонски разговор со Заменикот Државен Секретар на Соединетите Американски Држави Џон Саливан.

Премиерот Заев во разговорот ја изрази благодарноста на Владата на РСМ за силната поддршка на САД за време на целиот процес на спроведување на Договорот од Преспа, и го запозна со активностите на Владата на Република Северна Македонија во врска со спроведувањето на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, односно од Договорот со Грција.

Двајцата соговорници за време на телефонскиот разговор се согласија дека успешниот епилог на Договорот од Преспа, како и постапката на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, е од исклучително значење за двете земји, но и за регионот.

Премиерот Заев истакна дека Република Северна Македонија останува на својот долгорочен и стратешки интерес за дополнително развивање и проширување на односите меѓу двете земји, особено во делот на економските релации.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и Заменикот Државен Секретар на Соединетите Американски Држави Џон Саливан го споделија взаемниот интерес и определба двете земји да останат посветени на прашањата за мирот и стабилноста на земјата и на регионот и во таа насока, Заменикот Државен Секретар на САД, Саливан ја изрази неговата постојана поддршка за Преспанскиот Договор и истакна дека со нетрпение чека да и посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот