„Техносаенс“ во Куманово

Од:

Околу 150 ученици и 70 ментори од кумановските основни училишта учествуваат на четвртата манифестација „Техносаенс“ што се одржува во средното општинско училиште „Наце Буѓони“ во Куманово. Учениците се натпреваруваат во повеќе категории во природни науки, математика, технички науки.

– Натпреварот има за цел да го популаризира изучувањето на природните и техничките науки и да се види кое од основните училишта е најуспешно во овие науки, изјави директорката на училиштето Лидија Михајловска.

Наредната година кога манифестацијата одбележува пет години од одржувањето, информираше Михајловска, планирано е и учество на претставници на Машинскиот и на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Во дворот на училиштето поставени се повеќе штандови на кои учениците ги презентираат своите изработки претежно од областа на техничките науки.

– На натпреварот учествуваат ученици од вишите одделнија од девтеолетката кои се истакнале со своите трудови, кои посебно се талентирани во областа на програмирање, изработуваат трудови, како и презентации, изјави професроката по машински предмети од „Наце Буѓони“ Катерина Ѓорѓиевска.

Преку оваа манифестација училиштето се промовира меѓу полуматураните кои имаат желба да ги продлабочат стручните знаења во машинската и елктро-техничката струка,но и во здравствената струка.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници